одгоре (прил.)
Ѕирка во мене одгоре, како да лежам во некој сандак, или во џиновски куфер, или на колор фотографијата на средната станица на шарениот журнал, добредојден да се скуси здодевното патување со празен воз.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И сега, кога ја видоа Митра одгоре и со неа една „ас“ невеста со скопци, со решмчња, синџири и други ѕрнѕурки, со прегачи и кистови, во „копитата" променета, сите си ги поткаснаа долните муцки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога му пристапи Викторија, да му бакне рака, освен со низа флорини, стариот Карче ја дарува уште со пет лири одгоре... дајреџијата
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили... Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Силно поводие надојде одгоре од планиниве, долот рикаше селото се тресеше, повторно!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
По некое време, одгоре иде една модна, ама фустанот ѝ се залепил со кожата. Со неа еден, како го викаат, де, а кавалер.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И сите од ред почнаа да ѝ честитаат, а Пела се протурка до мајка си и се закачи за нејзината рака, ама не побара да биде крената, ама мајка ѝ како да сфати што сака па ја израмни со себе за да може да гледа одгоре.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Одгоре, јас завршувам со рамениците, оддолу со петиците, од страните со рамениците. Ете ме сиот јас.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Го крена погледот и гледа: се накачиле децата на плевната и низ една дупка одгоре му се смеат: - Уа-а-а-а-а, јатак...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тука се сите чупи, невести, па и баби. И кога, кога Митра Сукалова се зададе одгоре со новата јатрва, на чешмата стана џагор.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Единствено и тогаш и подоцна, како за целиот свој живот што остана будна, и, се разбира, како секогаш закопчана одгоре додолу, тоа беше другарката Оливера Срезоска, нашиот помошник - управител.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Погледна преку прозорецот и виде дека светлината доаѓа одгоре, од небото, како да се запалени илјадници и илјадници ханукии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мојата ноќ е зелена како јад; одгоре, крај да не ѝ видиш, виси бесила од кобрина кожа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа беше специфична по обликот: одгоре течеше водата, одотворениот чеп на едно големо дрвено буре, паѓаше во една глинена врчва, жуборејќи сѐ додека не ја наполни.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Бучеше долот силно, надојден од планиниве, се врштеа во Рајчани, вжештените стрели одгоре упатени, пламени, како огнени вретена, па удираа по околната дабова шума.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)