одделно прил.
одделен прид.

одделно (прил.)

За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првото нешто што може да се рече тоа е дека ние не сега се одделуваме од Бугарија и со тоа раздробуваме едно создадено цело, туку сме одделни и живееме веќе одделно повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа клопчето мигум се размотуваше и секој одделно сосема сам појадуваше по некаков свој правец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секоја мина одделно поставена и секое минско поле се наша голема предност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги собираа одделно речниците на зачестените средби на чардакот пред Татковата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така, централното македонско наречје е еднакво далеку и од српско-хрватскиот и од бугарскиот литературен јазик и може да се разгледува како нешто одделно од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како за секое црево да се јаде одделно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во една соба, која одделно стоеше во дворот имаше стар дрвен разбој и јас по цели часови ѝ досаѓав на тетка Рајна со прашања за тоа како се вика секој дел од разбојот и како се ткае.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фактот дека повеќето жени врз чии дела се потпирав за да ја разберам машката геј- култура и самите биле геј не го прави понекорисно разгледувањето на машката хомосексуалност одделно од женската хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Примероците на муницијата ги забележувавме одделно, на посебни формулари.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Но, можеш ли да ни го објасниш значењето на гласовите, за секој глас одделно?!“, рече сега веќе сосема заинтересирано логотетот, кој во воздухот насетуваше чудо, миракула Божја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Преку името се сеќаваме за секој човек одделно".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко ми во своите глобални размисли за козјото прашање беше начисто оти режимот има повеќе варијанти како да им се стави крај на козите во секоја република на Југославија одделно, во зависност од нејзината развиеност и од менталитетот на луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тато и мама се две суштества кои не можат одделно да се замислат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Основна причина за ширење на револуционерните идеи меѓу македонскиот народ во целина и одделно меѓу македонската младина била економско-општествената и политичката криза што настанала во Европска Турција во последните децении од XIX век, чии манифестации најочевидни биле во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе