одекне св.

одекне (св.)

Камбаните непрестајно биеја и нивниот ѕвон одекнуваше наоколу умножувајќи се.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од време навреме скокаа во место цепејки го небото со вресок својствен само на нив, болно плачеа коњски, а пискотот нивни се прочу низ коријата, одекнуваше од околните ридови и повторно се гушеше некаде длабоко во нивните коњски срца.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Одекнуваа експлозии тресејќи ги ѕидовите и ронејќи ги тулите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Наредниот ден таа се појави во кантината дури кога тој веќе заминуваше и откако писокот веќе беше одекнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со нејзиниот вресок одекна и писокот на девојчињата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Додека ги изгубив од видното поле на ретровизорот, во свеста ми одекнуваше рефренот на загрижената мајка: Зарем мораш секогаш ти да бидеш првиот, првиот Коцката беше фрлена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одекнуваа клето неговите зборови од скршените камбани кои паѓаа од врвовите на црквите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И во мигот на радоста, одекна зад него истрел и сети како куршумот му се зари во грбот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги закачуваше испретураните коски со врвот на чевлите. и овој тажен судир на живите со мртвите тапо и суво одекнуваше во темниот простор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одекнува гласот од куполите на театарот, што се вели, како со иста уста да викаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Селото заприлега на зовриен казан: од сите страни одекнаа истрели.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тато Петре ја крена Мими на раменици, како што тоа го сторија многумина татковци, убаво гледаше и се вклопуваше во секоја иницијатива што одекнуваше откај бината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во тивката вечер бавно и смирено одекнуваше шумот на неговите стапалки, стапалките на парискиот питач.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бебето мораше да биде разбудено. Звуците од трубите, саксофоните, тапанот и тубата одекнуваа во кругот на целата болница.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потаму негде, во соседните ливади одекнуваа ударите на чекан.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Одекна уште еден тресок. Некој го зел стаклениот тег за хартија од масата и сега го здроби на парчиња од каменото подножје на каминот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Точно во единаесет часот одекнаа звуците на туниската химна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Денот осамнува сам како секој искусен љубовџија - божем ништо а сѐ се случило едновремено во самоти нив одекнува полниот спарен говор на неговиот и на нејзината домаќинка гостољубието.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе