одење (ср.)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На одење тој малку чудно се држеше. Ми се чинеше - му е жал што си оди.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тој реши да ја испрати до станицата на подземната железница, но одеднаш тоа одење по неа на студот му се стори бесцелно и неподносливо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Исти движења на рацете и телото и иста леснотија во одењето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Половина ден пат одење - е првата линија на фронтот и смртта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И уште на одење му го кркнуваат ножот в слабина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште на одењето чаушот си ја зеде пушката на готовс.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој беше прв на ранг на групата, затоа и не дозволуваше некој да го натпревари во одењето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе го сучат жените конецот и ќе поодуваат низ селото, сѐ така во одење ќе сучат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред мене се шест илјади километри за одење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Брзината на возот е сведена на човечко одење.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Свесно го одлагаше одењето на преглед кај гинеколог.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На одење ја фатив за рака и ќе ѝ речам: — Кога ќе ти е многу тешко да дојдеш и да ми кажеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некој посебен закон против одењето дома по невообичаен пат не постоеше: но тоа беше доволно да се привлече вниманието на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одењето дома сѐ почесто му претставуваше товар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тоа нѐ тера да го забрзуваме одењето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Почнува и земјата да не ме држи, да не ме трае за одење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)