одземе св.

одземе (св.)

Многу луѓе така остануваат одземени од стравот и не знаат што да направат повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сам си го одзеде животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не може да ни ја одземат така одеднаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не тажеше поради тоа дека ѝ е одземена можноста да седи и да ги разгледува тие слики.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му се приплати студот и му ги одзеде и рацете и нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе му го одземам задоволството на крвникот и ќе го избришам потсмевот на оној што ќе рече: измамник и дезертер.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дали ќе ни ги одземат или ќе ги убијат козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе се одземе човекот и во раце и во нозе и не може ни да се закопча, ни да се почеша, ни од муви да се одбрани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отровот во баклавата во царството ќе одземе многу животи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И врз трпезата на плоча запишано: Легии, добродојдовте на трпезава што ја оставивме да ви појасни дека ние не умревме ниту за вода ниту за леб туку поради Честа што се обидовте да ѝ ја одземете на татковината ни... Sacra populi lingua est
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ко некој уплав да ја одзел ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светликавата птица ѝ го одзеде здивот поради блискоста, и таа истиот миг како маѓепсана стоеше таму, гледајќи ја птицата, што беше мала колку молец, како лета кон цвеќињата со клун што е танок колку игла.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кој не ќе се одѕвиеше на законот му беше одземан имотот, сам тој погубуван а неговиот сој паѓаше во царска немилост.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Му дадов знак да молчи за да не му го одземе вниманието на возачот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да му се одземат и претседателството со еврејската општина и функцијата на главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Повеќе