одлости св.

одлости (св.)

Вагонот му беше тука некаде, ама од оваа страна не беше одлостена вратата па свртеа од другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ај одлости ја вратата и слези ваму кај нас, сега никој нема да те враќа в село!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Слезе во дворот, ја одлости портата и пред да го пречекори прагот, виде петмина вооружени и меѓу нив Кузе и Лазо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Подоцна со казми и копачи беше продупчен вагонот и беше одлостена вратата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Што дека уште веднаш им беше празно без него, особено на внучињавата, ама во неа имаше и надеж дека можеби некој друг го одлостил вагонот и го понел со себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Навистина, кој ја одлости вратата?!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Уште еден тресок и од тресокот како да се одлости врата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)