одобри св.

одобри (св.)

Еднодушно го одобрија планот сите и веќе секој пајдос и по два пати се враќаа во клозетите со по едно ќесе земја врзано за учкурот од гаќите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таквата мирна програма на Македонците ќе сретне поддршка и одобрување кај големите сили заинтересирани за зачувувањето на целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И ѝ кажав за далак пупање кај да оди и за Одобрено дете што да прави, ако е детето само занесено и само да спие: да му намачка малку мед на модро книже и да му го врзе на папочето и ѝ кажав како да му го врати сонот на детето, ако му е земен од месечината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѝ одобриле бањски третман додека да ѝ порастело малото ѓаволче во мешето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таков утилитарен, тенденциозен и шпекулативен однос кон науката не е за одобрување и е причина и резултат на национален шовинизам, но последниов е резултат на тие историски прилики во кои попадна српството, особено по Берлинскиот договор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сето тоа Лазор го гледа од под веѓи и зашто отпорано знае што има нацртано на внатрешната страна на тутурката, планот на Потковицата, си дума и се надева дека можеби не се собраа за да го ругаат него, дека можеби и овој пат ќе разговараат за тоа за кое од смртта на татко му на Максима наваму секоја година ова време разговараат - за барањето одобрение за ѕидање црква, а годинава за барање одобрени за ѕидање и на општина и на училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одобрени ни се визи за Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врз основа на чл.23 од Берлинскиот договор, во 1880 год. Високата порта подготвила еден „органски устав” за самоуправувањето на Македонија што бил прегледан и одобрен од една меѓународна комисија составена од претставници на потписничките на Берлинскиот договор, којашто заседавала во Цариград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ме повика техничкиот уредник да го проверам испланираниот весник и да го одобрам за печатење, за влегување во ротација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Самиот предмет беа го одобриле преку вообичаените канали и според вообичаените бирократски постапки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Притоа, за него е суштествен еден поим кој го осветлува рационалниот аспект на човековото знаење - телеолошката заднина, „односно рамката определена од интернализираното знаење која служи да ги определи и одобри активностите на поединецот соодветни на целта и на хиерархизацијата на активностите”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таквата солуција за негрчка Македонија може да го има одобрувањето на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на обединувањето на Македонија се потенцирала нивната подготвеност за прифаќање и одобрување на формирање на македонската држава во рамките на Федеративна Југославија, но дека тие со сите расположливи средства би се спротивставиле на формирањето на „голема македонска држава која има аспирации на грчки територии“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нашето повикување на деконструктивистичкото нивелирање на родовата разлика помеѓу философскиот и литературниот текст не наиде на одобрување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа беа и оние неколку собири, што ги држеа тие повеќе стотини луѓе неколку пати во тоа време, каде што по еден од нив зборуваше, а другите одобруваа со викови и со ракоплескања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Партијците уста не отвараа, ниту се спротивставуваа, ниту одобруваа. Седеа по канцелариите замолчени и исплашени од мечот Господов што веќе висеше во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сите бракови меѓу членовите на Партијата мораше да бидат одобрени од една комисија именувана за таа цел, и - иако принципот никогаш не беше јавно соопштен - дозволата секогаш беше ускратувана доколку двојката оставаше впечаток дека физички се привлекува меѓусебно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Поправките, со исклучок на оние што можат да бидат извршени своерачно, требаше да бидат одобрени од далечни комисии кои умееја да го задржуваат дури и заменувањето на обично прозорско стакло по две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе