оживи св.

оживи (св.)

Таа, иако исчезната одамна, успеваше да живее и да го оживува моето детство, со истите илузии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мансардата оживуваше, се отвараше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Џинот беше тој што секоја вечер го фрлаше во зашеметеност и џинот беше тој што секое утро го оживуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Облиците по земјата оживеа како да се разбудиле од некој длабок приказен сон.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се мачи ли да ја разбуди, одново да ја оживи или ја убедува да не ја прогонува по смртта?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од жилите на ореовината оживувал Пустиник Во очите на Пустиникот светиот пат и самотата на сите патишта пусти што водат кон ниедно море кон ниеден град.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Жолтата куќа на мрднатата вдовица, домот во кој живееше емигрантот, беше молчелива и затворена и оживуваше во мојата фантазија чудни и таинствени слики.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Поради тоа повторно оживеа нејзиното верување дека тоа не била жива змија, која лежела таму најмалку еден ден и една ноќ за да може да остави толку добро дефиниран отпечаток на тревникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Баба ја среди куќата, ја оживеа градината која продолжуваше до брегот на Езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајското сонце се расплинува врз светлото кадифе на масата, вивти во букетот од трендафили ја оживува на ѕидот сликата на човекот со мундир и златни еполети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Обземен од страсниот творечки порив, растреперен до крајни граници, сликарот длабоко ја почувствува душата на овој крај и со целото свое суштество копнееше да го оживи на платното... Но како?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Духот на таа вера просто блика од делото на Ренџов, ги буди спомените за детството, ги оживува приказните за нечестивите кои само ќе ја зголемат силата на Божјото име, ги подотвора пердињата на одаите во кои течеше еден живот налик на вечност, влегува во црквите и манастирските ќелии, и талка по далечините изгазени од нозете на аџиите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јазикот попусто бара вистински збор што ќе го оживи дамна мртвиот благослов.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Мансардата оживуваше, се отвораше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мртва да ти е ногата па ќе мрдне, ќе оживи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Градот оживуваше со планинскиот здив што го носеа неговите нови жители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе