оздрави св.

оздрави (св.)

Да легнеш врз да ти легне овој сач на брег да легнеш да оздраве оваа лутина до разголени меса и очи дождови престорени.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ние што пророкуваме да не биде убаво многу Туку само толку колку за да оздравиме - Бевме обични луѓе.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тие што оздравевме одиме и ни е жал за оние што ги оставаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тие се радуваат дека уште не се оздравени. Тука им е посигурен животот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добро е да се создава, да се мечтае, велеше мудрецот, но мечтаењето е меч со две острици: многу болни на мечтаењето му го должат своето оздравување, но и многу здрави - своето разболување...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Њ бездруго ќе оздравеше да не се засркнеше од последната лажица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оти тоа не беше болест што се преболува, што оздравува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стариот чичко доктор рече дека ќе мора да остане в постела, ако сака побрзо да оздрави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако оздравам, ве молам, пишете ми да знам каде сте ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
3. Со татко ми две работи можат да се случат: или бргу ќе оздрави или ќе ја презими зимата в постела: сѐ што приготвува најубаво јадење мајка ми, нему му носи: пилешко месо, недоварени јајца, сутлијаш, пита, мед.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога појде со стиснати усни низ стеблата, некој од селаните дофрли: „Оздрави и врати се, попе,“ тие танки, пајажести нишки не допреа до него, се распрснаа под зелените стеблаци и изгаснаа оставајќи ја недореченоста на луѓето да се грчи во некоја нивна внатрешна суводолица. Поп?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Проѕирната стија, конечно, го има во својата уста, и јас ќе го однесам кај оној што го бара и го нарача2, за да прогледне, да оздраве, да се успокои, за да ѝ исчезне и омразата кон тупотот во твоите гради - изворот на нејзината несреќа“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По рибите, стаса поморија по добитокот, по ајваните; заболените добичиња и живинчиња: телињата, овчичките, козите, кокошките, лизнуваа од езерската вода како од иљач и - или оздравуваа, или со капките в уста умираа; лежеа така додека луѓето не ги кренаа и закопаа или додека чакалите и другите мршојади не ги исчистеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По неколку денови Весна стана од постела, оздраве. Започна да оди и на училиште.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И пак во бунилото ја гледа Марија крај него во болничката соба која дошла да го земе дома бидејќи тој е излечен и оздравен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Има цела година кај е оздравен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе