означен (прид.)
Но ако во неговиот јазик има гласови што ги нема во јазикот од којшто се позајмува азбуката, тогаш позајмувачот на туѓата азбука ќе направи некои изменувања и дополнувања на неа, со кои ќе биде означена разликата во гласовите меѓу двата јазика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Погледот стигнуваше до блискиот брег, во Албанија, откако ќе ја минеше границата помеѓу двете земји, означена со понекоја невидлива бела пловка на езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Да се мине блиската граница означена некаде под водите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И овој пат Татко и Камилски, следејќи ист тек на мислата, прилично се оддалечија од првичниот наум: да се произнесат за сите можни конотации на поимот курбан, обземени и обајцата што им се даде можност да ги вкрстат западно-источните аргументи за означениот поим.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Луѓето одминуваа нагоре-надолу и многумина фрлаа поглед кон човекот во сина облека што беше понесно дисциплинирано застанат токму под таблата со која беше означена автобуската станица.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Следното прашање е очигледно: Ако нештата немаат значење благодарение на означувањето на трансценденталните означени, како тие имаат значење?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Делувањата на оваа моќ се преправаат или се маскираат бидејќи тие оперираат со одредени норми кои се означени со статус на „вистина“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во прво време, во темата на враќањето во родната земја, субјектот разбира дека ќе треба да се брани од акциите на еден антисубјект, наративен интервент, означен од платените егзекутори на тајната полиција („Дури и во мислите, не стануваше збор за повлекување или да се избегне стапицата којашто се профилираше...“).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Скалило без означени граници, на кое составот му беше вода.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Првите песни инспирисани од поводот, од доживувањето на настанот, на „приказната“ негова („приказна“, при суштината на нематеријалноста на песната, на нејзината душевност, духовност?) означени се се времето кога се тие запишани.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Овој богато го наградуваше и во истиот миг, оставаше жени, харем, пријатели, работа, оставаше сѐ - се фрлаше на коњот и придружен од гавазите и булукот ’ртки јуреше на означеното место.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не постои означено кое ѝ се измолкнува на играта на означувачки упатувања која го сочинува говорот, освен можеби за повторно да падне во неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Најстариот брат, видливо охрабрен, потпиша на означеното место.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не беше означено дека текстот беше извадок од книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)