означи св.

означи (св.)

Но видовме оти онде имаме работа не со едно, ами со цели 4 имиња, коишто означуваат дека до пред неколку години немало точно определено народно самосознание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турците видоа зорт додека да ја покорат Србија и името Србин означувало за нив разбојник.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Било која одлука можеше да означи дипломатска добивка или загуба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Трагите што означуваа три века историја на овие балкански народи тој ги откри и со тоа го спаси своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како и да е, важно е само тоа дека тоа не господ знае што означуваше за да не може да биде заменето со друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја бакна и прегрна сопругата означувајќи го врвот на своето убаво расположение.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сеќавањето на татковите книги го означуваше нашето патување и во животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Минуваа денови, месеци. Ми стигнуваа Мајкините писма, со необичниот латиничен ракопис, кои одразуваа поголема загриженост отколку што семантички можеа тоа да го означат зборовите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се поставува прашањето: кој ни го клал името, што сакал да означи тој со него кога нѐ крстил и што разбираме ние под името Бугарин кога се наречуваме со него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И интересите на Бугарија не господ знае што означуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако е така, ќе приговори бугарската партија од Македонци, тогаш што означува црковното прашање, во кое Бугарите и Македонците одеа рамо за рамо и последниве се викаа и работеа со името Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разбраа ли во Бугарија што означуваат тие зборови?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: ќересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бугарското име меѓу Словените беше популаризирано од Грците и тоа првин ги означуваше само Бугарите – Монголите, после нивните воени сојузници, после бугарските поданици и најпосле стана етнографски термин за бугарските Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој недостаток кој го означува зборувачкиот субјект засекогаш го спречува субјектот во постигнувањето задоволство, исполнување на желбата - субјектот така е бесконечно потресуван со својата сопствена желба и желбата на другиот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некои го користат зборот метафизика за да го означат својот интерес за астрологија и хиромантија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наместо со мирисот на цутовите, воздухот беше презаситен со атмосферата на протести, немири и општ неспокој што го означија крајот на март и конечно со веста за државниот удар извршен против прогерманската политика на Дворот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе