окно (ср.)
Окната на прозорците беа чисти, со перденца, од вратата до огништето беше послана черга, врз ковчегот под прозорецот до огништето весело шарена памучна покривка.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Среќно, си рековме, упатувајќи се секоја дома, онака како што си велат рударите кога влегуваат во рударските окна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го извади од шарките крилото со здробеното окно и почна да работи над него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа беа дуќани што нудеа многу, кои ги мамеа купувачите со одблесокот на златните предмети преку стаклените окна: блесокот на златото, пак, се одбиваше од сјајот на нивните очи, така што тие често влегуваа да купат по некое парче од Еразмовото злато.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На скршеното окно закова парче ламаринка, окното од тоа стана едно слепо окно, така правеа често во селото, кога ќе немаа при рака стакло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Погледот сам му заскита во спротивното огледало, каде што го ослепуваше белата планина; се загледа некаде низ отворот на тунелот во вителот, надвор од прозорските окна, кон планината.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Добро се сеќаваше на тој ден, раскиснат, мокар ден, кога водата течеше по прозорското окно, а светлината во собата беше премногу матна за читање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Акварел
Земаш вода, боја, четка
ризик, многу ризик
плус страст, вишок страст
отаде доброто и злото
еден нескротлив гест
и
зафаќаш со еден потег
цел несогледлив амбис
окно под свеста, под себеси
го повлекуваш пругоре вовреното црево
го вадиш од дното на сликата
без право на дополнителен влог
без шанса за поправен испит
или прошка
и
го овоплотуваш змејот
прекрасното чудовиште
заумната фигура!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беа обични, заморни снежни партали, поигруваа долго пред неговиот прозорец, сѐ додека една од нив не сврте неколку пати нагоре-надолу, а потем се шмугна низ скршеното окно и му падна на дланката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Низ трите здрави окна на прозорецот дремливо врнеше густ снег, а денот плашливо раздени онолку колку што можеше и остана збунет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од прозорецот, со двете окна затнати со крпи, се симна и последната ронка темнина правејќи ја видлива зачаденоста и изболвосеринетоста на стаклата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Капка една удира во окно железно, жолт цвет во тревата умира целосно во пролетта што на својот почеток гасне, цвет од илузии повторно расне.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Неколку денови едноподруго зачудените вишеградци го гледаа градителот, наведнат и побелен, но црвен и младолик во лицето, како го обиколува големиот камен мост, го дроби, меѓу прстите го крши и со јазикот го испробува малтерот и составките, и како со чекори ги премерува окната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Возот татни низ некаква клисура, од време на време низ високите стебла како да сјае некоја вода – езеро, или можеби река – но полека се стемнува, и низ валканите окна не можам да забележам ниту човек, ниту некаков знак.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
На излез на животот под окна тешки, како излитен капут на теме му тежи и на плешки на оној кој го моли, додека блудничка плата дава.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во писмото кажуваат дека има можност локација за современа градска депонија да биде во експлоатираните окна на рудникот Осломеј.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На тесната поврвнина од ѕидот се црнееше стаклото со едво скршено окно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Две ноќи патував дотука залепен до прозорското окно на авионот и никаде во височините не видов ѕвезди.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Потстанав да видам што точно се случува. Прозорското окно зачкрипе.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)