околност ж.

околност (ж.)

Тој во времето на поминатите негови години во Србија се наоѓал под влијание на цел ред околности што отсуствуваат во Бугарија и затоа неговите погледи се разликуваат од погледите на оние што се образуваа само во Бугарија и се слободни од цел ред преземени мисли и предрасуди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради некои според мене сѐ уште нерасветлени околности Вртанов беше оценил дека токму во мојата личност може да се види идниот шеф на одделението па затоа настојуваше навреме да се здобие со толку посакуваниот статус на доверлив соработник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сега и за нас Македонците настапија нови околности што ќе нѐ потресат и ќе ни кажат нови патишта по коишто ќе треба да одиме во иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знамето, во егзил, доколку било откриено, во некои околности, особено во времето кога минувавме низ емигрантското чистилиште, можеше да има тешки последици за судбината на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А способен ли е во такви околности да оцени и да сфати кој го води и со кого тргнал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Делењето е вештачки создадено од балканските државички со намера да ја делат Македонија со стекот на околностите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сфатив дека е само среќна околност тоа што до сега ништо лошо не се случи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Околностите создаваат културна и национална близост меѓу луѓето и околностите ги раздвојуваат роднинските елементи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ уште кон докторите имав повеќе обзир отколку што заслужуваат во овие околности.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа што бев ослободена од многу од моите поранешни обврски и што отпрвин ми беше многу тешко, постепено почнав да го чувствувам како пријатна околност.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете оваа околност влијаела за бавноста во пронаоѓањето и изнесувањето на податоците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Постојат за жал околности што не е можно однапред да се предвидат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа смена е само логична последица и се бара од околностите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но оваа година ни покажа оти историските околности никојпат не ќе дозволат да се соедини цела Македонија со Бугарија; сега за Македонците и Бугарите останува едно од двете: или делење на Македонија меѓу балканските државички и со тоа загубување на 2/3 од Македонија за Бугарите и Македонците, или полно пресечување на врските со Бугарите и поставување на македонското прашање врз наполно неутрална, чисто македонска основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некоја непредвидена околност или недоразбирање им го расипа мојот спровод.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега да видиме дали од гледиштето на другата, т.е. Јагиќевата теорија за образувањето на јужнословенските народности може да се објасни со настанувањето, при сегашните политички околности, на една нова македонска словенска народност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога заради околностите таа идеја не била реализирана, Христов од сѐ срце и со моќта на своето перо работел на ширењето на идејата за создавање на македонска република во југословенската држава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе