околу предл.
околу прил.

околу (прил.)

„Што станало со мачката на директорот?“ ги праша не очекувајќи чудо - чудата лазеа околу него со жилавост на пиреј и троскот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Околу колата и околу нив дотрчале многу бугарски војници и офицери, но и тие, кога ја виделе бомбата и кога дознале дека не е експлодирана, пцуејќи ги Ѓорета и мајка му и нарекувајќи ги Мрсници се разбегале на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Умот го проектира и го рефлектира целиот свет и затоа светот и животот во мене и околу мене и во моите очи е секогаш поразличен од сите други.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите се туркавме и се пикавме што подобро да го видиме, но двајцата овчари што го водеа замавнуваа со клоци и правеа простор околу него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Си ја избра самотијата останувајќи како мало семејно сонце околу кое требаше да гравитираат малите семејства на преостанатите тројца синови и на ќерката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Гледам во рацете нивни и мислам дека тоа и дрвјата од околу се наведнуваат да им дрпнат од месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Глетката на отворениот театар не го уништи филмот за нереалноста што се обви околу него како чаршаф од ацетат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Една средовечна жена можеби Еврејка седеше во чамецот со мало дете од околу три години во рацете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наседнаа сите околу штицата и почнаа да земаат од качамакот и да макаат од солта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А кога јас, со солзи на очи влегов и сакав да му се исповедам, да му признам сѐ, видов дека светлината околу неговото тело ја нема, оти јас не ја виѓавам веќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Труп сошиен со гнили конци и околу него кружат потковани скорни и проблеснуваат бајонети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тогаш уште еднаш ми се затресе земјата и ми се заврте окол-наокол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се средив во бањата, со надеж дека ако повторно го видам барем нема да се ужасне од мене со бушавата коса и крвта околу горната усна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За растојанија помали од сто километри не беше потребно заверување на пасошот, но понекогаш околу железничките станици се моткаа патроли кои ги прегледуваа документите на секој член на Партијата што ќе го најдеа таму и поставуваа непријатни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе