олелија (ж.)
А потоа, во бараките и во коњушниците, од доцнина до ранина и од ранина до доцнина пробивно и долго се слушаат олелии.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мораме да се делиме. Олкава олелија не ќе можат селата да кријат и хранат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најпрвин пукнатинка во лакот, потоа цепутка во дрвото, а потоа кој знае што ќе се случи, реков речиси на глас, но бев навистина среќен кога забележав оти никого не го потресе мојата олелија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)