омилен прид.

омилен (прид.)

Омилен танц им е пајдушкото ама во Европа ретко кој чул за него.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Веднаш се ставив во мојата омилена улога да бидам нечиј психолог, па овој човек сега ми стана поле за истражување кое со години го барав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа е оној стар патор, мултимилионер кој што својот базен го наполнил со зелени долари и омилена забава му е да плива во нив.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Своевремено и ја се палев на утакмици и како млад мајмун одев по стадиони и спортски сали да го бодрам омилениот тим ама денеска сето тоа ми изгледа некако дегутантно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вискито му беше неговиот нов омилен пијалок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На масата му стоеше нерешен крстозбор со анаграм и ребус; неговата омилена пасија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Веќе две години, откако поизрасна и откако со скок успеа за првпат да се фати за гредата, оваа вежба му стана омилена забава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таа со чашата во едната рака и со цигарата во другата, уживаше во овие два омилени порока.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За среќа, имаше таква Продавница во мојот омилен град Охрид.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кон веселата бука се придружува стариот Иранец од карши, чијашто омилена забава е деноноќно бирање броеви на домашниот телефонски апарат и последователно урлање на мајчин фарси- јазик (по долги испитувања заклучивме дека најверојатно продава плексиглас на берзата во Техеран, со посредство на некој тотално глув брокер).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Твојот омилен келнер беше со бела коса, љубезен, малку куцаше и работеше за нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Еднаш Земанек ми рече дека не може да дојде на кино со мене, иако јас имав извадено карти, и сакав да го изненадам, оти токму се даваше Големиот Гетсби, филм според неговата омилена книга.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа беше омилена во последно време во Министерството за изобилство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Утредента Томо веќе беше удобно сместен во својата омилена нишалка во нивниот двор во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никако не може да привикне на коњакот, но сега го пие, обидувајќи се да му даде на лицето израз, онаков, задоволен, како да овој напиток му е најомилен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сакам убави приказни. Знам, омилена бајка ми беше за малата сирена. Се поистоветував со неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе