омразен (прид.)
Даројте на врагот се омразни.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Но тоа име во очите и устата на Грците имаше уште специјално значење: најомразени за нив варвари, луѓе необразовани, груби, коишто граничат со ѕверовите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Арсо не ги слушна Павлевите уверувања. Тој презриво ја доближува батериската светлина до омразената рапавина што му застанува на патот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но, мухамеданските темници се толку темни
мразни и омразени
што и носталгијата ја губи смислата
Во нив на сонцето мислам само по сеќавање.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
64. Александар Обреновиќ (1876-1903), кој на 13-годишна возраст го прими кралството во Србија, а на 17 години изврши државен удар и воведе автократски режим што доведе до акцијата на офицерите-завереници на 28/29.5.1903 год., кога тој и неговата омразена жена Драга Машин беа убиени и исфрлени низ прозорецот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Според богомилското учење црквите биле излишни, крстот го сметале за омразен предмет бидејќи на него бил распнат Исус Христос; ги негирале иконите; ги негирале и црковните празници; работеле и во неделите и се залагале за избегнување на браковите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но чудно беше тоа што иако Голдштајн беше омразен и презиран од сите, иако секој ден и тоа по илјадапати на ден, на платформите, на телекранот, во весниците, во книгите, неговите теории беа побивани, уништувани, исмејувани, изложувани на погледот на јавноста како бедна бесмислица - наспроти сето тоа, неговото влијание изгледаше како никогаш да не се намалува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Феминистките, се разбира, го сфаќаат тоа, но многу од нив се склони да бидат неуверени во него, неубедени во мудроста на кампската стратегија да се прифаќаат, запоседнуваат, призиваат и прекодираат омразените претстави.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во книгата нема жестоки, омразени ликови, како во западните романи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не се обидува да проѕре низ стилот на предметот до неговата содржина, да го разлачи неговото успешно естетско остварување од неговата одбивна политичка порака и од неговата вплетканост во еден омразен општествен поредок.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По ревноста за апсолутно искрен израз, по подготвеноста да плаќа со лично страдање и ризикување на животот, Бренер го воскреснува и го воздигнува садомазохистичкиот комплекс на руската интелигенција во опозиција на омразената власт, комплекс кој е вродена желба „за страдање” и во кој политичкиот дискурс не посредува.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)