онеми св.
онемили св.

онеми (св.)

Ко онемена сум од тоа што го видов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕидовите во единствената нејзина одаја онемеа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Некој како да ги онемел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Душата сѐ ислуша па онеме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И нова беља. Вклучувам, моторот загргори и онеме. Пак и пак и нејќе да запали.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дали онеме нешто од морето што си пливал, дали што?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во песјото место сѐ се стаи, се притаи. Оглувеа стените, онеме и пештерата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во грлата од децата како да експлодира нешто: вреснаа. Но веднаш онемеа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дознавме дека синот ни умрел во логорот Дахау. Владиката онеме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Е, ај, ќе молчам, му велам, ама подобро е да онемам. И се свиткувам пак да работам. Сама си зборувам, сама си слушам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Онемувале и гледале вкочането, чиниш ги обзел верски занес. Чувствувале машка гладост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас онемев, што се вели, заборавив да зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коледарите првин онемеа, па сите се удавија во нејзиниот поглед, а има и такви кои до века ќе си ја сладат мислата од насмевката на рајските јаболка под прозрачната свила.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Која сила го донела, по кој пат дошол, не можеше да им одговори зашто беше онемел, ниту можеше да ги слушне зашто беше оглувел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Срцето ѝ се стегна, онеме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сурлите онемеа, набабрените образи на Циганите тажно спласнуваа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но јас онемував и безгласно повторував со крвави усни - таа е нема, таа е нема, таа е нема. Крв сегде, крв во мозокот!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стои исправен и онемен; со крвјосани очи замаглен поглед спушта врз огромната црневина и чувствува дека го фаќа замрачување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе