опачина ж.

опачина (ж.)

А можеби несреќникот само замижал пред незнаењето како што слепецот е спремен да ја прогласи за ден и опачината на денот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас и ти премногу добро си ги знаеме опачините за да си бидеме интересни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Опачина зошто на лице се врти?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Не ја согледа опачината зад која се криеја повеќето нечисти играчи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зборот „некогаш“ е надеж дека пак ќе ја сретнеме загубената љубов, со истиот жар што сите го носиме, пламенот на љубовта кој секогаш во нас гори во симбиозата на вечната опачина на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можеш да ја видиш опачината, не можеш да продреш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше пријатно, така во несреќа, да се мисли на далечната земја и на раштрканото село Жепа, каде што во секоја куќа има приказна за неговата слава и за успехот во Цариград, а каде што никој не ја познава опачината и не ја насетува славата ниту цената со која се добива успехот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Има нешто жестоко кога се во прашање бунарите: не можеш да ја видиш опачината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2. Зад оваа опскурна изјава која сугерира успех, за кој владата очекува да биде пофалена, се крие опачината на градењето бизнис рај, се крие грдата стварност на намалувањето на работничките права, на руинирањето на многу човечки судбини.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Последната реченица што бев ја запишал гласеше: „Има нешто жестоко... Не можеш да ја видиш опачината. Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но таа си остануваше сѐ иста: навикната да ја гледа само опачината на работите, сурово одбиваше сѐ што би можело да повее радост, надеж...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сликата личи на некоја сцена: куќата со скелето осветлена, а просторот зад нив темен, не се гледа заднина ниту има длабина; како да се спушта темна завеса зад куќата. На опачината од сликата стои: 26. IX 1936, Будимпешта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Подоцна, кога се поднапија тој измисли и соодветна команда: „Лицето навнатре опачината вон!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кралскиот шут е опачина на кралевската гордост, самољубивост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Албер Ками, распнат во свеста помеѓу светлината и нејзината опачина – темнината, ќе го упатеше погледот кон небото со повикот: „О, небо, отвори се!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Боге пласна со опачината по водата, божем во ракоплескање, но веднаш ги смири веслата на знак од Фоте да запре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе