опекотина (ж.)
Полна нечитливи писанија.
Изложена предолго на Луна
добиваш опекотини на свеста
од втор степен
- моделативен.
Кога би можела, како што не можеш!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)