опојно (прил.)
Мајка ми обожава да бере чаеви и разни други миризливи тревки и да ги суши во нејзината соба, па таму и лете и зиме опојно мириса.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Та од неа грозд силен потоа ќе се роди со опојно вино во плодот, вино кое светот и ќе го опои! ***
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Освен површините со пиперки и домати, имаше други со бланучки опојно миризливи и благи, а кога тие завршуваа се појавуваа јаболкца петровки што го немаа вкусот на бланучките, додека ѕарѕалините онака убаво пожолтени и со темни дамки од сончевата страна имаа уште поубав вкус и од бланучките, па сѐ до црешите, праските, грозјето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Наеднаш од темните облаци заплускаа јадри капки дожд по земјата, удираа по лисјата и ги ронеа; земјата започна да се испарува и да шири мирис на печен костен и леб; мирисот му влијае на Богдан опојно.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Пред секој дуќан стоеше подаден цреп со цвеќе - тоа беше стар обичај на чаршијата и затоа низ нејзините сокаци толку опојно мирисаше - но ова беше јасмин и ибн Тајко го зеде тоа како јасен знак дека ќе му се случи нешто важно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)