определен прид.
определеност ж.

определен (прид.)

Но видовме оти онде имаме работа не со едно, ами со цели 4 имиња, коишто означуваат дека до пред неколку години немало точно определено народно самосознание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие истражувачи имале и определен успех во опишувањето на сложеноста кај физичките системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За разлика од припадниците на малцинските групи определени според расна и етничка припадност или според вероисповед, геј- мажите не можат да сметаат на тоа дека семејствата во кои се родиле ќе ги научат за нивната историја и култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Учеството на странско лице во новоосновано и во постојно трговско друштво не е ограничено, освен ако со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исти ликови пред очи што идат, исти глупости секој ден слушаме, гледаме, определени рокови и термини кои секојдневието го бришат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора до определен ден да стигне во Шведска.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Договорот за вработување може да содржи и други права и обврски определени со овој и друг закон и колективен договор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притоа, за него е суштествен еден поим кој го осветлува рационалниот аспект на човековото знаење - телеолошката заднина, „односно рамката определена од интернализираното знаење која служи да ги определи и одобри активностите на поединецот соодветни на целта и на хиерархизацијата на активностите”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нека те опседнуваат определени емотивни состојби, особено кога се во полето на преминот, а не ликовите - карактери со предвидлив радиус на дејство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Морнарицата на големиот Вок со едно око го прифати новогодишниот караван исфрлувајќи го на определени места според големиот план на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
52. Оваа „мегали идеја“ („голема идеја“) за една нова голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија се појави уште во мислите на Ригас и беше разработена од „Етеријата“ (1821), врз основа на која потоа израсна грчката националистичка пропаганда во Македонија што во определени видови живее сѐ до денеска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Хикмет-бег, директор на политичките работи на Вилаетот, одговорен по протоколот, ги дочекувал поканетите лица и на секого му го покажувал определеното место за седење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сликата е претставување или преведување на определена стварност во зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
12 После три години, веќе со првата измена на ЗРО (2005), онаа од август 2008, во целост се измени членот кој се однесуваше на работниот однос на определено време – па, сега, договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на исти работи, со прекин или без прекин, до пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе