опцуе (св.)
Беше опцул нешто што не треба и повредил неколку братски републики.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стапи на нешто што се скрши под неговите нозе. Некој весело опцу.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не проценувајќи ја точно далечината, плисна во лицето на брборливецот полна чаша ракија и опцу како да рика.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се наведна и ги склопи очите. Не опцу и не воздивна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не проценувајќи ја точно далечината плисна во лицето на брборливецот полна чаша ракија и опцу како да рика.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сакам да му го опцујам и господ на попот, ама не можам. Зборовите не ми идат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми текнува како реагирав за една манекенка што одеше со човек од другата вера. Ја опцув и ја направив подолу од пепелница.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ова е за твое добро, Исусе.“ Отец Симеон опцу со разлеана крв во устата бессилен да се извлече од клопката. Јазикот му го жежеше опор вкус на ’рѓа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Ме затворија и ме тепаа кучињата. - И опцу некако чудно низ штрбавата уста.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сега, среде оваа небиднина на суровиот студ на Шара, тој опцу во себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Проклети цајкани, опцу во себе. Берат ли можеби цвеќе во парков?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа исчекување како да внесе промени во нив, како да започнаа да стануваат подруги; не се расправаа, не се караа како порано за секакви и секојдневни работи: кој кому му пресекол дрво во забранот, кој во чија ливада пуштил добиток да пасе, кој кому му направил штета во нивата, чија кокошка снесла јајца во туѓа плевна, или претала во вртот, та била заклана, кој кому на славите и свадбите му опцул мајка, го плукнал или удрил; кој во чија жена зрчел и ја задевал; кој кого го поткажал на џандарите дека ја пцуел власта.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
До бес. „За твое добро“, рече другиот. „Ајде не спротивувај се.“ Пак опцу и дури тогаш забележа дека вратите на неговите соседи се подотворени и дека низ темните пукнатини на таа отшкринатост ѕиркаат врели очи на притаен страв...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Па и ако ме опцу, насмевнуваќи се помисли авторот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Опцу сцрвенет како да удира некого со ластегарка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Мајката ваша, кучиња едни! - опцу чичко Анѓеле и во правецот фрли бомба.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Озгора стануваа двајцата нестрпливи. Долгиот возбудено викаше: - Стегни го јажето ... околу половината, не маткај се! ... Иде некој! Долгиот очајно опцу.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Еден опцул, повеќемина му се придружиле - по таа двоколка на триесет и шест запреги им бил запрен патот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие покажаа кон соседната маса, кон налутениот кавалер на сувата блондина облечено тврдо и круто како во картон. „Знам“, се сети и се наведна. „Ништо полесно отколку да се опцуе еден мртовец.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)