орлов (прид.)
Правилниот, малку орлов нос, брадата и устата му ја дополнуваа убавината, а здравите заби и веселата насмевка го правеа примамлив за секоја негова врсничка во селото и надвор од него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Штом татко ти загина, сабјата твоја повторно ја прероди Река ко пиле што пиштела в орлови нокти, во која Гега ја навредил сека домакинска куќа...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ништо: ме дават ковчестите раце од војниците, ме стегаат ко орлови нокти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Море, краста и орлови нокти да ви даде господ вам на таквите! Од вас си страдаме и ние.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кадијата се врати на своето место, зеде книга и орлово перо и почна да пишува: До пресветлиот господар калиф, падишах султан Сулејман, законодавец – Истанбул.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да... Општествена свест... Кога бев во коњицата, одев на ловечки забави кај кнезот Орлов и војвотката од Изес; ги држевме офицерските коњи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Од Преспани се разликуваат не само по зборот, туку и по изгледот. Имаат црна коса, коскеско лице, испупчени очи и орлови носеви.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најпрвин, како по правило, почнуваше Караѓозо, јако, темно мажиште со испакнати коски на лицето, со орлов нос, со брада која како да растеше дури и на очите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа е Орловиот Врв на Караорман.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
— Краста, стрико, краста господ да ви даде и орлови нокти да се чешате и во гробот кај шо ќе легнете!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шибам напред, се гребам, орлови нокти пуштам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Среде во зеленилото, како мало орлово гнездо, личи селцето Мацково.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Што ќе ми значеа свадбата и свадбарите, и ѓаволот и јарето, ако го слушав гласот на Јордан Арето, или ако не го гледав орловиот нос на Караѓоз и самиот излезен од сказните, од темнината на приказните оние што ги кажуваа и раскажуваа, ноќта спроти Св.Никола, во топлата одаја на тетин Никола?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Да, вистинско орлово гнездо! - одврати Рада - Погледни ги долу луѓето и ќе сфатиш колку сме блиску до облаците.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)