орнамент (м.)
Им го покажа и иконостасот работен во длабока резба, богат со орнаменти на фауна и флора, со позлата и со живописни икони: распетието Христово, Влегувањето во Ерусалим, Лазаревото воскресение, Раѓањето на Богородица, Собир на Архангелите и други светци.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Рацете го подзаборавија пакувањето, и замислував како со неизмерна гордост стојам на таа француска тераса, тој таен знаковен орнамент.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Гротеската своето име го добила од “grotto”*, од тие јами; претходно зборувавме за лавиринтските патчиња и за начинот на којшто тие, во стилот на “орнаменти”, што е претходница на духовно поедноставената “апстрактна” уметност, се губат во псевдоспекулативната мешавина.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Го исклучувам компјутерот, ги вадам очилата и ги сместувам во нивната топла постела, во црвената футрола со срцолики орнаменти.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Постојат реалистички слики коментирани со текст, или куси текстуални содржини проследени со орнаменти, фотографии, колажи, постојат парафрази на познати уметнички дела, често се пародираат кичот и познатите еротски разгледници итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овој сребрен барабан со орнаменти е доста необична работа, што му дава некоја вредност.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Трпезариските столови беа наредени како во строј, исто како и малите орнаменти на полиците.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Недооформени орнаменти копнеж.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)