ороспија ж.

ороспија (ж.)

Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Утре ќе го напишам твојот лик во вжештена смола, меѓу ороспии и крадловци, меѓу безделници и никаквеци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа ќе ја подисправи ороспијата!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ороспијата може да биде сѐ, но никогаш повеќе од ороспија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека ороспиите се со освојувачки страсти, сакаат да владеат со просторот и времето што им се нуди на располагање, робовите тоа им го препуштаат на своите стопани, а нивните желби завршуваат со релизирањето на задачите што треба животот на господарите да им го направи удобен и забавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Брука, брука! Сме довеле белосветска ороспија во куќава. Сигурно ја избркале од дома за да ја прикрие својата курвинска трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
— Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, ако робовите знаат дека секој поглед на странец упатен кон нив е поглед како кон потчинет човек, човек без слобода, обесправен човек, ороспиите, пак, никогаш не мислат дека луѓето гледаат на нив како на ороспии.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Домаќинките ја обожаваа Кристл, и разбира се караа - врнеа по онаа ороспија Алексис, која ете неколку години после разводот, повторно се појавува за да им го загорчи животот на Карингтонови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Двете ороспии прво мислеа мајката да се премажи, а ќерката да се омажи, ама се откажаа од тоа од страв дека во ова време повеќе имаат можност сега и на двете мажите да им бидат истерани од работа и да треба да се издржуваат не само себеси, туку и уште двајца здрави-прави бадијалџии.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- И ѝ ја пцујам мајката на кралицата затоа што народното богатство го изналепила на ѕидовите... Ах, ах, ороспијата германска...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ороспиите, пак, ги држат главите исправено, како жирафи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие двете не беа родени ороспии, ама ги поплати сиромаштијата, домаќинот ги остави и отиде да војува, ама бидејќи ја изгуби војната, од срам што немаше што да јаде, се обеси во канцеларијата на својата патриотска политичка партија, така што на овие двете не им остана ништо друго освен да се најдат на улица каде што им беше фрлен и домаќинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Курво, ороспијо, растурикуќо, штирко, ти ги донесе сите несреќи во нашава куќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот затоа што тие, со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење и со цветањето во секое време, можат да го заведат истиот, па потоа, нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Робот си е роб, ороспијата си е ороспија“ ѝ вели Жан на Јулија во пиесата на Стриндберг, „Госпоѓица Јулија“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не можам да замислам ороспија на висока позиција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Меѓу првите, речиси до самиот вагон, се смести Тина Гледачката, мајката на Ангелина, рече Не можам да живеам со онаа ороспија!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе