осаменик (м.)
Затоа што власта само зема, затоа што е алчна, лакома, свирепа, бесчувствителна спрема сакањата и прижелкувањата на малечките и беспомошните, сиромасите, осамениците и немоќните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така почнала невидена војна помеѓу куп стрелци и еден гневен осаменик.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не барам а наоѓам во себе чудна слика: помеѓу осаменик и чета со нејасни лица е кренат непробоен ѕид со тајни отвори за атак само од едната страна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Пеев во осама. Пеев и за толпите и за осамениците.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред насобраната толпа стоеше Водомар, брадестиот осаменик од шамакот крај езерото,огледало на сонцето и месечината.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Мрмореше, се муртеше, тој осаменик и намќор навредата на потсмешливиот поглед ја чувствуваше сетилно, како удар или шлаканица.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Со таков извик, мошне загатлив, ќе е крајот на осаменикот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дали мислите се лага, што се случува на осаменик кој избрал животен пат таков на борба, но сепак мир , во секојдневен неспокој.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Си замислуваше дека од осаменикот горе во поткровјето, високо во ветровитата куќа, може да го чуе само дишењето, бавните вдишувања и издишувања, како од некои правливи мевови.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
3. И пак доколку беше таа, Рубина Фаин уште еднаш излезе пред моите очи, излезе од ништо речиси од некаква линија на мрак и полумрак, слична на нејасен кораб што расне од точка и се доближува низ темни гами додека зад него, зад неговата сѐ појасна силуета, останува повидокот без привлечност и без моќ да предизвика генуфлексилност за осаменикот на крајбрежјето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Отсекогаш ме фасцинираше физичката и душевната разнообразност на пријателите на татко ми: и флегматични дебелковци, и борбени џинки, и штрклести осаменици, и кротки и црвулици, дрдорковци и молчаливци, фрустрирани интелектуалци и славољубивци, момчаци и пензионери. Факт е – сите се дружеа со него.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Страдалник сум и осаменик, - тажно рече Водомар. – Живеам во трскиве за да не ми ги гледам маките на Шимшул –град.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ова е првиот, ноќен час, според бенедиктинскиот распоред на времето и должностите - посветен на Речта, солилоквијска, келијско-самичка, осаменичка, калуѓерска, монашка
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Како високиот, елегантен осаменик Гари Купер, чија меланхолична ведрина опстанува наспроти сите гнасни разбојници на светов.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кој е осаменикот: јас или некој друг, некој со нејасно лице но со крваво срце? Условно: јас.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)