осврне (св.)
Исто така во написот се осврнува и на однесувањето на македонскиот народ во борбата против окупаторот и неговиот однос кон борците на бригадата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тогаш не бев во состојба да се осврнувам на поединостите.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во меморандумот на капетанот Морган од 19 март 1943 година за воената мисија во Македонија меѓу другото се осврнува и на “комунистичките и македонските автономистички групи на отпорот кои се особено интересни во однос на незадоволството од Бугарите“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
По нападот на Дебар повторно ќе се осврне на оваа потреба: “штотуку се вратив од полската болница.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во извештајот Еванс посебно се осврнал на перспективите за обединувањето на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ако уводничарот имал намера читателите да ја сфатат хумористичната поента на карикатурата, тогаш сигурно очекувал без никаков проблем да ги забележат и многуте алузии на машкото геј- културно градиво на кое пред малку се осврнав.
Ова само по себе сведочи за појавата што цело време ја викам геј- иницијација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Потомците на блиската роднина заминаа по растурената втајфеност, без да се осврнат на моите пијани и плеткави довикувања.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кратиловиот проблем По ова кратко запирање при обиколката на гледиштата на Дерида, да се осврнеме на нивната самореферентност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Се разбира никој не се осврнувал на неговите дописи, некои дури и го сметале за споулавен дипломат!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Винстон се осврна низ просторијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
165 Посебно се осврнува на грчко-македонските односи за кои истакнува дека биле срдечни, а врските меѓу политичките и воените лидери блиски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Кај вратата застана и се осврна назад, но О'Брајан изгледаше како веќе да заборава на него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Исто така, тоа од друга страна давало надеж дека членовите на британските воени мисии во Македонија преку своите извештаи, освен на воената страна, ќе се осврнат и на политичката и ќе ја запознаат демократската јавност во светот со борбата на македонскиот народ за национална слобода и едновремено со желбата на македонскиот народ за обединување и создавање на своја државност и самостојност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)