осило (ср.)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Над реката, како мост се ниша омарнината, се среќава шило и осило.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Овој сплет на околности На пример, најмногу подароци во оваа анкета добија во себе носи посебна суровост и осило за секој колега- Џемс Џојс и Џон Китс, кои пак за време на животот имаа писател.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Очите ми се превртуваа, колената ми штракаа, срцето ми биеше во грлото, и чекав секој миг пајакот грозен да нѐ заплете во мрежата своја, да нѐ удави, да нѐ голтне живи, со осило отровно да нѐ прободе низ душата, во срцето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се вратија во осилото, каде трите оси беа готови да го истурат својот целолетен натрупан бес врз Рада. ***
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стариот писател додека ги изнесуваше незадоволствата од власта настојував да оставам впечаток дека не ги следам осилата на неговата поплака, па оттука и мојата намера да оставам впечаток дека сум упатен на прошетка по полиците со книги.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)