остров (м.)

Значи, ветериштата се тие што го носат островчето завиено во сивиот кожурец на своите магли.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зар островов не го носи кралот на морињата:“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Неговиот дворец мора да е всаден само во водниот дел на островот што ја држи ледената палата на ветриштата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во почетокот, племето што живеело на островот, со недоверба и со страв се однесувало спрема овие непознати луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И ќе ме демнат со увереност дека еднаш ќе ме пратат да кршам мрамор на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги собираат децата и ги водат на островите на превоспитување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште поверојатна е претпоставката според која на истово островче требало да се сретне со божемскиот Вок со едно око, оти без помош од Вок, исекот на 365-те денови, како и дотогаш, пак ќе носи триста незгоди при патувањето од најсеверниот свет до најјужниот југ.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
На најмалово и најневидливо островче, кога ќе се отвори некако магливиот кожурец и малку ќе заблеска на сонцето, заблескува и фасадата на прекрасната палата на волшебникот Желбоноско.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Желбите, честитките, специјалните пораки, не смеат да не дојдат до оние на кои им се испорачувани, пред да се излеат од животворните сокови и благослови на волшебникот од невидливиот остров што плови.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога трговците доаѓале или се враќале, сите луѓе од островот со песни и со игри ги испраќале или ги дочекувале.“ - Продолжи Бузо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пари, статус, патувања, уба гардероба, ќе живејш во голема резиденција, ќе имаш вила на некој грчки остров, ќе се дружиш со богатите...“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Загледан во островите кои како храмови се издигнуваат од морето, забележувам пролетта веќе ја подготвила тревата која зеленее и која чека некого ако си ја запеал - прекини ја таа црна алелуја.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прилегаа на зелени острови, на јаже оптегнато преку морето, беа трага по која се враќаа плодовите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Ама, знам дека само во твоја надлежност не е островов што допира длабоко во морските води.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сегде во светот и за сите бруцоши со уште неизгаснати млаки контури во зениците, контури на океанските острови кон кои ги носеле нивните гусарски бродови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гласно и говорнички почнува: „Си била една трговска дружина која со својот брод постојано крстосувала по бескрајниот океан и одела од остров до остров за да купува бисери.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе