отворено прил.
отворен прид.

отворено (прил.)

Нѐ бркаат отворено, велат, не знаеме што да правиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Насекаде настапуваше отворено, бодро, со самочувствие на човек кој знае што е и што може да биде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Немам разбирање за тие, кои сѐ уште не го скршија од усните печатот на молкот и јавно и отворено не признаа и не покажаа со прст на виновникот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Русија отворено ни кажува зошто таа не работи и не може да работи инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Свет што толку широкоградо и отворено им го нуди на сите вљубеници во убавите четива, особено на поезијата, на стихот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вистина, не секогаш доследно и отворено, во зависност од околностите и целите што беа диктирани од историскиот момент, но секогаш со истиот интерес и основен став кон средновековната историја на Македонија од 19 век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Отворено му загатнав дека со новитетите закрепнува напредокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Назбрав доволно кураж и отворено прашав: Каква е целта на овој растур?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но откако ги прошета и двата ката отворено им призна дека е пријатно изненаден од начинот на кој е изведена адаптацијата и тоа без стручна помош.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Задачата на уметникот сигурно и денес не е неа да ја премолчува туку отворено и вистинито да ја кажува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Една толку чувствителна работа никогаш не би му била доверена само на еден човек; од друга страна, да ѝ се довери на некоја комисија, би значело отворено да се признае дека се случува чин на фабрикување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оти кажано е: непријателот твој најдобар лекар е на мааните твои, оти подобро ги гледа од пријателот, кој од учтивост или ласкање никогаш отворено нема да ти ги изглаголи!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѝ зборуваше за некоја имагинарна личност, лудо вљубена во некоја девојка, притоа ги набројуваше доживувањата на тој несфатен несреќник; отворено ја страдаше својата болка а заклучокот што го беше изрекол се чинеше фасцинантен: Требало секогаш да сочувствуваме со лудо вљубените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Посака да шета по улиците со неа, токму како што шетаат сега, но отворено и без страв да разговараат за обични работи и да купуваат дребулии за домаќинството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе