открај (прил.)
Човек толку би бил изморен од живеење што во животот не би имало ни реска од рај туку открај накрај тој би бил само пекол.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога никаде не го најдоа и откако со извикнување на неговото име ги пребараа сите лески, капини и скребјалници, се вдадоа да ја прошетаат планината открај накрај, и пак Илета Вегов никаде не го најдоа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Открај докрај ја затрупа, вели, ми загина под пепелта...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога - во тој миг, сончевите зраци потрчаа по Галичица, се раширија по целото езеро и го вжарија: открај накрај зацари златнорумен сјај...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нели, секој Русин, насекаде и секогаш повторува: „О колку е голема нашата мајчичка Русија! Никој ја нема пројавано открај накрај!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)