откуп (м.)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Откупот чинел вкупно шест наполеона.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега е жетва и ќе морам да завршам некои работи околу откупот на житото, - се сети Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа си напреде предена што ѝ беа потребни за идниот „нов човек", нешто даде на откуп да ѝ се испреде, каде за сирење, каде за сланина, и така, уште божиќни пости си ги иска пелените.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
19 Спаиите како спаии, не се вјасаа многу. Тие дојдоа и фатија ќатипи, ги испишаа снопјето и си отидоа назад во Прилеп, да ги чекаат селаните со понуда за откуп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше и претседател на комисијата за откуп на лични архиви а, на крајот, беше именуван и за шеф на отсекот за ориенталистика.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И кога се враќал од печалба се женел. И давал откуп за невестата како дар на татко ѝ. И тој под стари години да види фајда.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
По таа причина и војводата Михаил Апостолов — Попето не успеа да го фати Челебијата за да го уценат султанот со голем откуп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш тој, заедно со некои од тие неговите, стави рака на откупот на градинарските производи, но најмногу на лековитите растенија, печурките и боровинките со што Галичица и Баба наша изобилуваат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Лобуд-паша му го дал на Ѓурчина ќемерот од Алија со парите, коњот и јатаганот, и уште му го дал и откупот за главата на разбојникот што била уценета.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во меѓувреме, во Цариград е донесена одлука Билга Планина да се продаде по пат на откуп на селаните од Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Откако стана откупот, младите луѓе се поздравија и излегоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Било решено: со учество на Мечето и на членови на Кружокот, Велешкиот револуционерен комитет да киднапира едно дете- ученик на богатото семејство Весови - за добивање на откуп.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во Софија разбрал дека децата се живи и здрави и дека штом ќе дадат откуп ќе бидат ослободени.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По добивањето на „откупот“, Коста и Тодор биле “ослободени“, а повеќемина заговорници се собрале во Софија за да размислат како да се снабдат со поголема сума пари и да почнат со реализирањето на своите планови, зашто со парите што останале од „откупот“ не можело да се почне ништо.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Што се однесува пак до средните претпријатија, ЗТПОК воведе одредба според која при еднакви услови, предимство на откуп имаат вработените во претпријатието (чл. 58).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Нему главна работа му беше откуп на боровинки, ама тој ти бил поврзан со некого во Црвениот крст во Битола и така тој го почна бизнисот со стрептомицинот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)