ото-мотор (м.)
Стрико ми Ото бил црната овца на претходната генерација и тој ме крстил. Некого морал да крсти, па ме крстил мене.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Првите психијатриски дефиниции за девијантната сексуална ориентација, разработени во поодминатите години на деветнаесеттиот век, не биле дефиниции за хомосексуалноста, туку за превртувањето на половите улоги и за трансродовоста: „спротивното сексуално чувство“ на Карл Фридрих Ото Вестфал од 1869 и Ариготомасовата „инверзија на сексуалниот инстинкт“ од 1878 година.43
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)