отпечати (св.)
Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ни покажа еден отпечатен сепарат по кој се одвива реализцијата на рекреативниот центар. Тоа е нејзино остварување.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ко стапалка во длабок снег ми се отпечатува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во него веќе имаше отпечатен образец за договор за работа, во кој беше внесена и обврската за чување тајни. Решив да го потпишам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еден ден во релативно блиска иднина - не би можел да ви го кажам точниот датум една од пораките во вашата утринска работа ќе содржи погрешно отпечатен збор и вие ќе треба да побарате да ви го повторат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше надвор и чекаше. Изгледаше како најобичен техничар на одмор, во пластичен шорц и смешна Хавајска кошула врз која беа отпечатени зголемени слики на најдобрите микропроцесори на неговата фирма; благ мал човек, еден од оние што се опива со саке во барови каде продаваат минијатурни оризови кекси со додаток на морска трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Нема потреба да кажам дека книгата никогаш не беше отпечатена.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ги отпечати расказите и со Зипото кој иако беше непушач секогаш ја носеше со себе, за пријателите пушачи да не ја прекинуваат сред збор нервозно буричкајќи во ташната и реторички извикувајќи „абе кај ми е упаљачот?“, потпали убав оган.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На едно парче хартија беше отпечатен списокот на членовите на Шаховскиот комитет, меѓу кои припаѓаше и Сајм.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И откако тој запишал, се вратиле коските назад во ковчежето и тоа засекогаш се затворило со таква сила што веќе никој не можел да го отвори, да го отпечати.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Чудно било што и до тој суров Онисифор се допира набожноста на очајот, што едно од многуте пипала на тој очај се движи кон неговата загатливост, зашто само тој пред поаѓање не ја отпечатил крвта на својот палец и показалец во манастирското Евангелие и зашто само нему му рекла игуменијата Минадора дека ќе му суди под бочва некој калуѓер Кузман или Дамјан доколку му никне тртка на носот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го измислил и мастилото за пишување, го отпечатил прв и извештајот на Колумбо по враќањето од Новиот свет, а сепак, кутриот, пред десетина години умре во родниот град во најголема сиромаштија. Многу поучно, нели?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Згужвано топче нови јени, излитено адресарче стегнато со ластичиња, банковен чип од „Митсубиши“, јапонски пасош со златна хризантема отпечатена на кориците и кинеска 22- ка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Отпечатен е во Зета, во Обод, во печатницата на Црноевиќи, и тоа на нашински, со кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Фразата е сентиментализирана, повторувана, отпечатена врз детски пиџами.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)