отровница (ж.)
Прибери Господе отровници змии гадости шират од устите гнили сенилни крлежи, грди фосили платени гниди од странските сили
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Тогаш мојот хипнотички поглед го меша со мислите и страстите: Константно и директно се џари, Нема потреба да се умилкува и додворува На својот слуга за бакнеж, Нему, кој е сопственик на ужасите, Кој ја познава матката на отровницата, Пегава и одрана со црно, На рѓосаната вага на амбрата, Неговиот гроб - Затегната направа за мачење што предизвикува тага На која тој лелека - лелека!
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А пак јас, тежев како камен врз него, тешка од тешки мисли, тешка од ТЕШКОТО- ОРОТО, кое во мене без престан се играше, па како лута змија отровница, под срце да ми се беше завила, ми тежеа и рацете и нозете и снагата, иако не беше многу ухранета.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Секогаш бегај од слаткоречиви. Од устата нивна тече мед и млеко, а зад тоа се кријат змии отровници.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ја закачил отепаната змијата отровница на еден стап и мафта ли мафта со него, а насобраните девојчиња ги слушам како пискаат - Леле змија, змија...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Зборовите од радиото како стрели отровници ни ја погодуваа душата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Однатре се слушаа кликтежи на орли и с’скање на змии отровници.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
На телевизорот оди сцена во која прават лек одделувајќи го отровот од забите
на една отровница поради несреќниот случај со едно момче во пустината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)