отспротива прил.

отспротива (прил.)

Згора на тоа, мајсторите оставија чудни светларници на источната страна над олтарот и отспротива, на западната: по една тркалезна дупка колку половина лакот широка и од двете страни на дупките едни како запирки што ги има по типосаните книги.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да ве достасам, да ве пречекам одспортива посилна од вас!...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш знаеше вкусно да изненади со прекрасен балкон од црно железо и свиткани лаци кој, како на високата куќа отспротива, го врамуваше небото во мрежен дезен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Легнав на каучот и уморен заспав од лутата ракија длабоко тонев налудничав настан се одигра во сонот Робинзон Крусо ми даде малиџано Наезда од лебарки кренаа кон нас отспротива курви дојдоа од Зајас им отидов пијан ко најголем џамбас им дадов да каснат од топлиот колбас
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Погледна уште еднаш кон својот ривал отспротива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грозно закрцкаа буките во коријата отспротива.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И трите жени отспротива останаа на местото поднасмевнати и среќни што можат да видат вакво чудо - Џорџ и Жабе да се подбиваат со добротворот Симон Поцо, важниот писател кој малку- малку па нешто на машина пишува истопорен на балконот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зад последниот зафатен шалтер, број 18, отспротива од нервозната седумка, згодна блондика со расеано презрив израз на лицето им ги поттурнува билетите на испотените патници, иако меѓу нив да има железна а не стаклена преграда.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој седна отспротива и си нарача јадење. Беше гладен и изморен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нечујно пријдов и таму, на прозорецот, ја гледам како со рацете на крст се држи и си ги стиска дојките, а со нозете го го прејавнала радијаторот и се трие на него загледана во мачките крај ѕидот отспротива.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден постер беше залепен на предната страна од куќата токму отспротива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не, не беше во прашање нејзината лична пониженост поради ова недоветно однесување во врска со постапките на оние Радулевци отспротива.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кланицата се наоѓаше недалеку од градот, на брегот на реката, меѓу острите спили на кои беше изградено Калето и стените на ридот отспротива, на кои мноштво белоглави орли, мамени од мршите, ги градеа гнездата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Отспротива е регалот, преграден дел - половина за облека откај неговата страна, а половина откај сестра му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Отспротива сјаеше и кујната, во која немаше ниту еден сад во мијалникот, ниту едно чиниче на масата или ноже на плотната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дојде јули, веќе зрело лето. Тревите на ридот зад куќата и во подножјето на планината отспротива, беа веќе суви.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И пак и одново му се присторува дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многувековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе