оттргне (св.)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се оттргнуваа на сонот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го вртеше главичето не знаејќи која постапка е најдобра за да го оттргне од заблудата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мала ништовна смисла што може да те оттргне од твоите тешки и болни бладања.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се чуствував уморен од луѓето и светот од сиот простотилак и живот багажен од сите пријатели што ги имав алкохолот најмалку знаеше да лаже Неколку часа по полноќ пијан се отргнав лесно од лагите и стресот спокојно летав во вечерна тишина после напорниот калакурнички ден
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Потоа ја оттргна мислата која му се стори како прокоба.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А како да ги оттргне од курвите и коцкарниците?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се оттргнува од неа и си заигрува низ дворот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Оттргни го својот живот од ноктите на џелатот!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од ѕвездите и чуварот ноќен Гласот го обојува утрински Телефонирајќи здодевно И бесцелно за да го успори чекорот Оттргнувајќи го погледот од улицата Ја пресоблекува влажната кожа Ја везе со усвитениот знак на плотта И ја слуша песната на петелот Вивната во крвоскок до небеса
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Таа навлегла во неговата душа и не може да се оттргне од нејзината сила.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нивната загриженост е насочена кон армијата безработници кои ќе бидат оттргнати од состојбата на дезориентираност и непродуктивност благодарение на домашните терминали.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Гетото, синагогите, гробиштата се само детаљ од Прага. Штом ќе се напуштат човек бара веднаш да се турне во бучавата Прага, во некоја пивница за да се оттргне од средновековието.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Заѕвони. Се оттргнав од нејзината рака што ме беше прегрнала и потрчав во класот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Како навлегуваше во сивиот мрак, така му се изоструваа сетилата за мирис и слух: испарувањето од мочката на ноќните грабливки и од крвта на нивните последни жртви, трепетот на листот што паѓа и зуењето на невидливите инсекти не го оттргнаа од главната трага што ја следеше како извежбан загар.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче, оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, а пред една година и јузбашија!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И други години имало снег, но ништо од училиштето не можеше да ја оттргне детската врева.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој ѝ го оттргна од рацете, фасциниран како и секогаш од мекиот дождовен изглед на стаклото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)