отуѓен (прид.)
Човештвото ќе се издигне од емоционалната затапеност и отуѓеност и достоинствено ќе излезе од демилитаризаната зона на глупоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Врз челата им лежел облак на оттуѓеност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Црквата ги величи зашто сама ги создала и ги хранела со иудашки сребереници од нејзината азна, а државата без срам се гордее со кодошлакот, шпионството и одродништвото и како пример на храброст за дечињата уште првиот ден на пречекорување на прагот од градинката, во нивните чисти души го истура отровот на отуѓеноста од родот и во тефтерите ги запишува со грчка пена. 3 ***
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но, не е помала уште една заслуга на авторот, радо би рекле писателот (текстот обилува со волшепства), успешно и наизменично да се проигрува со неизбришливите емоции од детството, како со провоцирана индигнација на тоталитарната отуѓеност на извесен политички режим.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Патрокле сеќава непријатност. Но се чини каушот е премногу издолжен и тој сам седи во далечина. И луѓето се мали и оттуѓени.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ние просто избираме еден поинаков, некому неразбирлив заеднички идентитет, кој ниту индивидуалното ниту националното не ги признава како ултимативност, кој им се спротивставува на патолошките еготрипови на поединци, кој впрочем лежи врз трагата на постмодерните промислувања за отуѓеноста и немоќта на поединецот да влијае на процесите околу него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Романите и расказите на Франц Кафка се израз на отуѓеноста, на осаменоста и на анксиозноста на современиот човек, проекција на противставените односи меѓу моќната, нехумана и тоталитарна држава (секоја институција на власт и авторитет, држава, политичка, црковна, семејна) и немоќната единка (обичниот човек).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Секое отуѓено парче на брегов, секое продадено делче е рак-рана: ќе ми се упика некој и ќе почне да се шири...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Со употреба пак на виртуелните машини и новите технологии никако не сум отуѓен.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во гумното стои Јон, како непознат човек, истуѓен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се чинеше дека Бути намерно сака во таа просторија да се чувствува отуѓен како во некаква хотелска соба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„А јас сепак сакам да ве уверам, Даскалов, дека сведокот Басотова лично ми ја предаде изјавата и притоа не пропушти да ми го покаже на својот врат тој божем откраднат или отуѓен ѓердан.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Каква е таа невозможна и неопислива комбинација на безгрижна-самозаљубеност, отуѓена- загриженост и асоцијална- прогресија? Со еден збор, анализа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Убавината побудува буквален, простодушен, патетично искрен копнеж, онаков копнеж што нема никаква дистанција од себе и никаква способност да се тргне настрана и да се погледне себеси критички од едно отуѓено стојалиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа, на магичен начин, ја поврзува реалистичката постапка на Јован Бошковски, авторот на првата збирка раскази на македонски јазик, со некаков си урбан „фантастичен реализам” на Веспа Демонска, на пример; или, Урошевиќевата постапка на „онеобичување” со гротескната слика на градот на Ермис Лафазановски; или, налудничавото Скопје потонато во православна хистерија од Самураи на Славко Јаневски со новиот сензибилитет и урбаниот пејзаж на Буде; или, лирски снажното стареење и изумирање на нештата од расказот на Димитар Солев со осаменичкото, отуѓено и невротично „живуркање” на студентот од Ѓон на Драги Михајловски; или, Чаршијата од предземјотресно Скопје на Данило Коцевски со денешниот Битпазар од расказите на Јадранка Владова; или, фактографското отсликување на личните спомени врзани за скопското предградие на Ташко Георгиевски со александриската или „борхесовската” постапка на ерудиција која ја негува Венко Андоновски...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не постои отуѓениот предмет бидејќи не бил отуѓен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа е благосостојбата на отуѓувањето, што другите го оплакуваат како факт на себе-развластеноста, при што другиот станува наследен непријател бидејќи тој го чува нашиот отуѓен дел.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)