офанзива ж.

офанзива (ж.)

He еднаш непријателот вршеше офанзиви за да го скрши отпорот на народот и да ја уништи неговата војска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
По завршувањето на офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до зголемување на слободната територија и прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Офанзива на Народноослободителната Демократска Армија во Кина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истакнува дека во текот на мајската и јунската офанзива моралот на бугарските војници бил многу низок и секогаш кога било можно преминувале групи со оружје и со опрема.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Офанзива е поим кој означува крупни оперативни единици и стратегиски тела со намера да се постигне оперативно-стратегиска цел.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подготовките на бугарскиот окупатор во договор со Германците за офанзива на овој терен започнуваат во текот на април 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. Заедно со војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, но непокорни лица.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Кај се загуби по офанзивата во Гревена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. Пролетта, април месец, направивме една офанзива што ја нарековме чистење на теренот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добив известие дека мофашите готват голема офанзива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И покрај фактот што заземањето на Кратово претставувало голем војнички и политички успех сепак тоа не беше доволно да се разбие бугарската офанзива.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се случи, меѓутоа, евразиската Висока команда да започне офанзива во Јужна Индија и да ја остави на мира Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Мора да инсценираме инцидент - извика Дулитл. - Прво ќе ни удрат 2 шамара па после ние ќе им удриме Тв офанзива - се протресе падавичарот Кољо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На пример, според „ Тајмс“ од седумнаесетти март произлегуваше дека Големиот Брат, во својот говор од претходниот ден, претскажал дека фронтот во Јужна Индија ќе остане мирен, но дека наскоро ќе почне евразиска офанзива во Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рим презел нова офанзива против Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Споменуваат нова офанзива на мофашите, креваат тивки узбуни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Офанзивата почна од Солун, вели, сум ги заборавила имињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, тој наместо да се повлече, тргнал во друга офанзива, па почнал да ги намамува раководните луѓе од студиото на Дизни да работат за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вели, по офанзивата на Грамос, иако не нѐ уништија, нѐ чека нова.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во жестокоста на бугарската офанзива против единиците на НОВ и ПО на Македонија можел лично да се увери и да ја осети на своја кожа и шефот на британската воена мисија Conserve.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќе