пазува ж.
пазуварка ж.

пазува (ж.)

1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Фимка оди пред себе, во пазувите со обете раце го стега букленцето. чиниш на градите носи доенче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој го извади од пазувите својот кавал и му го мушна бргу во раката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но не ја оставив да тагува и да блада по јаболка. Ѝ носев в пазува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега, молчешкум, секој за себе, размислуваа за пликот што в пазува го носеше Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги извадија од пазувите белите шамии приготвени уште откако се решија да бегаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сите што нѐ пристасуваат гледаат по кучето наше и си плукаат во пазувите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас бев најмалиот и најстариот брат ме држеше во пазувите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
2. Екстаза  Така човекот оди во пресрет на другиот човек небаре оди во пазувите на својата смрт.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Везден цвеќенцата си играа низ полето, се пресегаа и од лисјенцата на тревките го собираа гласот на младичот и во своите пазуви го скрија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш извадил од пазувите едно кожено ќесе го отворил и почнал да брои на трпезата жолтици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се прашувам колку волшебства крие ноќта во пазувите? Огледала на љубовта со лажен сјај...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пролетниот повеј што иде од морето му ја мрешка косата, му ја полни пазувата преку распетланата кошула со пријатен скокот, фиука во ушите и одминува во правец на градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пазува мои денес разгрнвам, - мојот е поглед ко солнце врел радоста моја ко сокол ќе летне на овој светол празничен ден!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
За пример на новите поколенија големиот бран јавно го плесна по уста Јулие Цезар и го оневозможи да ’рчи а неговите поданици барем една ноќ да бидат на раат пред утре сите да запеат богојавленски песни под пазувите на бранот набабрен од многу љубов.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Знаеше Тој дека има и птици - еретици, кои откако ќе долетаа во родниот крај слетуваа право во пазувите на девојките.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ветрот му го гасне чкорчето и тој ја запалува под шинела, под пазува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од пазувите го вади часовникот, откако погледнува во него и ставајќи го пак в пазува вели: Време е да ги оставиме домаќиниве да се соземат малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Софија е еден синхронизиран парк, зашто овој град го красат 500 паркови и затоа се чини дека таа е сместена во пазувите на некоја голема шума.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе