палавење (ср.)
Гледаа само како на месечината косата на оној му станува пак црвена и кога ќе се заборавеа во таа загледаност на сите ним им се чинеше дека тоа пак црвениот лав продолжува со своето добродушно палавење, станат од тревите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Каква радост, какво скокање, какво палавење...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)