пандан (м.)
Повеќе сакам со остроумни решенија да им го загорчувам животот на непријателите, пандан на Тито и понтонскиот мост преку Неретва, отколку како великиот Тесла да им ги осветлувам патиштата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Оригиналното езотеричко значење на темјанушката и до денес е сочувано во жаргонскиот израз „pansy“, со кој се означува феминизиран маж или машки хомосексуалец (егзотерички пандан на езотеричниот хермафродит или андрогин).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Носеа зелени маскирни кошули, мирисаа на ракија и крајно несмасно ги користеа воздушните пушки, наследени од нивните комунистички пандани.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Како пандан на езотеријата настана булеварското производство, уметничката индустрија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)