панорама ж.

панорама (ж.)

Многу паркови, многу зеленило, многу дрвореди и така бучавоста на градот се претопува и стишува во неговата зеленикава панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По краток престој на паркингот, откако ѝ се насладивме на прекрасната панорама на Охридското Езеро, тргнавме лево и го фативме патот за Елбасан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од тука окото се полни со прекрасната панорама на Лерин и леринското поле и далеку, небаре е крај на светот – Кајмакчалан, чиј врв е покриен со снег.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Попатната панорама беше многу интересна, иако насекаде се белееше само снег, снег и снег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камената зграда штрчеше сред тажна панорама, чијашто боја остануваше од утро до зајдисонце сивопепелава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Попатната панорама кон Келн ја дооформува пловната река Рајна низ која, од север и од југ, се влечат многу товарни бродови и шлепови, полни со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изгледа дека панорамата на сликарската плоштатка не се менува, освен можеби сликарските платна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ваквата попатна панорама нѐ заморува, зашто на многу места е испресечена со канали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓувремено разредувачкиот облак смог помина и преку авторот после што панорамата на Скопје се гледаше сѐ појасно и порасбетливо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одовде, од плоштадот на „Шајо“ може со часови да се посматра оваа панорама, која го воодушевува и го прави човека поголем и посилен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Попатната панорама беше сива, полињата без снег, освен во планините.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПЕЛИСТЕР (2601 м), највисок врв на планината Баба - која се протега помеѓу Преспанското езеро и Битолското поле; тој е најдоминантен врв во овој дел на Република Македонија, од каде се простира широк и прекрасен панорамски видик.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Може, рекоа, да се оди и преку Лехово и Вичо, но ако сакаме од високо да ја видиме панорамата на Лерин и Леринското поле, тогаш најдобро е да го избереме патот преку Бигла.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во миговите на разведрувања можеше да се види целото пространство, панорамата на реката, трите града, пристаништето, доковите што се збиваат покрај водата... пругата... сите бродови кои заминуваат... кои пак поминуваат малку погоре... зад брдата после полињата... кон морето, после Шатам... Тоа беше единствено чувство...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Оваа еднобојна, зимска студена и мразовита панорама, се разбива пред самиот Пазарџик врз безбројната, непрегледна и долга редица на еднотипски оранжерии, кои дефилираат пред зачудениот патник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одамна ја немам видено неговата ноќна панорамска разгледница од замаглен автомобил паркиран на Паркингот на презервативите на Водно.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Возот тргна кон Австрија низ која се патуваше дење, па одвреме-навреме уживавме во убавата попатна панорама која нѐ следеше сѐ до првиот мрак, кога влеговме во нашата земја, кај Јесенице.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Близу Лајпцишкиот велесаем се издига една вистинска грамада од камења и цемент, висока стотина метри, со огромни човечки фигури, но чие плато можат да застанат наеднаш стотина луѓе и одозгора да уживаат во панорамата на Лајпциг...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе