пантомима (ж.)
Денот расте и паѓа
во совршен ритам
врши поправки на смртта
а човекот е векот збунет и неупатен
во пантомимата на времето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И јас ти расправав видена пантомима за просјак што се гасне од глад и со последна надеж лови под мостовите на Сена.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во оние брошури што ги добив во Берзата, на едно место прочитав дека берзијанерите треба да знаат добро да викаат, да цркаат, да надвикуваат секој друг, и да ја знаат пантомимата со своите партнери.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Новоизбраниот претседател изведуваше необична пантомима: во празната детска касичка стави пари.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
До толку беше впечатлив што тетка златарка ми прати ишарет и со пантомимата, колку што сфатив, сакаше да ми каже: „Парче како спроти тебе, не го пропуштај“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така, опкружен со млади девојки во хрватски носии, на јавната приредба за денот на хрватската независност хрватскиот претседател изведува пантомима, патетично ставајќи дукат во празната селска лулка (симбол за новородената држава).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)