папсува (несв.)
Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Имаат ли души докторите, кога веќе немаат термини, за да сетат како венее и папсува - се прашуваше лозарот од Неготино меѓу две остри болки во стомакот, а поначесто и среде гради.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Папсувам во потрагата по тебе... Оваа ноќ само залутаната месечина на палубава ми е верна друшка...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- И самите папсуваат, - велам и со свои очи ги гледам како и тие папсуваат од зацапаноста во сопствените блата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Чинам, пајажина ме обвиткува и ме папсува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Главата сонливо ѝ папсува врз моите гради.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И мислев, или навистина слушав бувтеж на камен во вода, и некоја врева која се зголемуваше и папсуваше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А само тие знаат колку бргу застаруваат еполетите, како се сушат воздишките и папсуваат погледите, а богами и зошто есента трае до ден-денес
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Волјата за работа им папсувала, а стравот, не заморот, ги оросувал со пот нивните опалени чела.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Молчи болниот, молчи сликарот. Цели пет века. Папсуваат од молчење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тој добива увереност и сила и започнува да господари над потсмевките и закачките и тие папсуваат и најпосле сосема се смируваат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И откако го истресува гостинот од снегот како што се тресе нежно дрвце в бавча, се свртува Танаско и на слабата светлина го забележува вчудовиденото лице на Пелагија и како што ја открива неа и потаму крупната снага на Чана, така и гласот му папсува Скап гостин,Пено мори, скап гостин дур уд Вујвудина, уд Гакову...
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)