параноичен (прид.)
Крајниот резултат е параноичен, недозреан тинејџер со низок степен на интелигенција.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
17.10 Дрогата удира со сета своја силина - Па, па „топол и еластичен“ свету и полека се пуштаме по тобоганот на жестоката, еуфорична, извиена, параноидна, бескрајна, дива трка со испревртеното време.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Параноичната Ружа бракот на Томо и Рада го доживеа како крадење на нешто што ѝ припаѓа само нејзе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кој кого да сожалува во нашата родна земја која мораше да се сака и кога те убива, но заробена од самата себе поради грешниот ментален склоп на некоја глава, со невидени параноични последици за невините луѓе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Милчо најде еден голем (чинам дека беше див) зајак (каде ли само го најде?) кој беше доста параноичен и со оглед на неговата големина и снага беше тешко да се контролира.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Негативни искуства: параноидна психоза која може да доведе до самоубиство.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)