пара (ж.)

Парата драстично го менува човекот но не го менува табиетот на волкот нешто малодушно те оддава од внатре да покаже дека си ѓубре од човек
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ти со евра, а јас со вера земаш пара немаш мера цел живот тераш со далавера целиот живот со проневера
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја пушти златната пара на градите од девојчето што лежеше мирно на рацете од мајката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ГАСТАРБАЈТЕР Правам пара овдека Срце за дома пека Ќе ринтам ко коњ до века
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сега мајката ја извади парата и ја стави в џеб.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На годината беговите го натерале аргат да им биде, иако тој собрал некоја пара да си купи некое нивче.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Истанбулската вода не е питка а оваа што се продава, во чашки или во шишиња, по рестораните, се довлекува од други места и со нејзината продажба многу луѓе печалат убава пара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не е бела пара за црн Циганин.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имаше сплескан профил на римски цар од стара бакрена пара и тврди раце, и мавташе како мелница погодувајќи со секој удар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На градите му излегува една црвена пара, се шири и тептисува на алиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа млада, а тој богат таа згодна, а тој грд има пара колку сака само алат нема тврд Тој без пара, таа стара тој е згоден, таа сама има само секс без љубов лоша драма крајот шкрт Тој без пара таа бетер тој е згоден, таа гром нема пара има љубов следи брачен бродолом
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ама, сега пред нив ми ти застанал човек со црвено лице и руса кадрава коса како од пламен, коса од која излегува густа, густа пара.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Парата во сто крпчиња ја завиткува!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Златната пара заблеска од светлината на татковата ламба. Пораката беше јасна...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На средината на масата имаше голема бакарна чинија во која луѓето фрлаа по некоја пара, и да купеа, и да не купеа свеќи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе