парламент (м.)

Беше закажана и свечена седница на Парламентот за овој историски настан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја оставам да прави што ќе прави и еве сум на вратата од големата свечена сала на Парламентот чие душеме го украсуваат мозаици, ѕидовите огледала и слики од нашите стари мајстори, а тука се и двете колонади мермерни каријатиди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но кога ги погледнав колегите у моето опкружување од парламентот си поставив прашање дали е ова масло на Бог или па Ѓаолот ме донел тука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Парламентот? Таа збирка на уникатни полуписмени и корумпирани дибеци беше до толку глупава за да донесе нешто што се вика Резолуција за предавање на власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Интелектуалната јавност беше скандализирана, опозицијата постојано свикуваше прес конференции и даваше изјави по ходниците на Парламентот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа за некој кој што пред триесет години како дваесет годишно момче дошол да бара правда пред парламентот на една малечка држава со која што векови владееле олигархии од различни бои и сорти, беше бетер и од самата умиричка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да опљачкаш трафика ќе скапеш 20 години робија, а да опљачкаш држава ќе те наградат и у парламент ќе те пикнат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Присуствував на многу сесии на францускиот парламент и сенат. Имаше што да се научи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Делкасе не криел дека бил „заплашен“ со интерпелација во парламентот за ерменските и македонските работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На мајорот очигледно не му се допадна друштвото, па се замуабети со еден ќелав член на парламентот во црн костум.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Денес, триесет години подоцна, пак во еден априлски жежок ден, некое зло се имаше насобрано околу државниот парламент.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Еве ме во салата на некој парламент. Бугарскиот или грчкиот. Можеби српскиот. Не е лошо да е американскиот. Или Обединетите нации.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бургиба по ова предупредување на своите западни пријатели разбра дека со посебен настан во парламентот мора да го одбележи и вистинското враќање на повеќепартиската демократија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Станав јас тогаш, го притиснав тоа едно копче што му е на располагање на претседателот и почнаа сирените да завиваат низ кабинетите, канцелариите и ходниците на Парламентот, на владата и на сите нивни институции.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А законот у парламент тешко дека ќе помине пошо и таму има еден куп педофили.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Месади беше душата на напредниот бургибизам. На крајот застана на чело на тунискиот парламент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го повика во палатата претседателот на Парламентот, својот врсник, и соучесник во главните битки за независност на Тунис, познатиот туниски писател Махмуд Месади.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што чуварот ме здогледа така истовремено вресна и прсна да бега по ходниците викајќи: - Вампир! Вампир во Парламентот! Ај анасана!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тие одлучуваат кој ќе биде избран во марионетскиот парламент, кој ќе се вработи во државната администрација, кој ќе добие унапредување во повисок чин во гардата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе