партикула (ж.)

1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се достигнува внатрешното коло што ги обединува само актуалниот објект и неговата виртуална слика: актуалната партикула го има својот виртуален двојник, којшто мошне малку отстапува од неа; актуалната перцепција го има сопствениот спомен како некаков вид непосреден двојник, сеедно дали ѝ следи или ѝ е едновремен. Маргина 36 203
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На тој начин актуалната партикула емитува и апсорбира помалку или повеќе блиски виртуални делови, од различни поредоци.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
II До сега го разгледувавме случајот кога некое актуално се опкружува со други повеќе или помалку проширени виртуалности, повеќе или помалку далечни и разнолики: партикулата создава ефемерии, перцепцијата го привикува споменот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)